сабота, 2 ноември 2024

Пендаровски го скрши мразот, предложи член во работната група за уставни измени, СПМ нема да учествува во процесот

Објавено на

часот

Сподели

Ниту една политичка партија ниту пак надлежна институција нема номинирано свој претставник за член во работната група која ќе ги изготвува уставните измени.

Прв тоа го направи претседателот Пендаровски кој го номинираше универзитетскиот професор Александар Спасов за претставник во работната група.

По ВМРО-ДПМНЕ која претходно кажа дека нема да учествува во процесот на измените и Социјалистичката партија (СПМ) денеска објави дека нема да номинира свој член во работната група.

„СПМ неколку пати укажува на доминантно негативниот став на граѓаните за промени на уставот. Тоа е особено важно за иницијаторот на уставни промени да не започнува процес спротивен на вољата на граѓаните. Власта е уценета и под притисок настојува да се прифатат неразумните бугарски барања. Копенхагенските критериуми за прием во ЕУ не предвидуваат промени на Уставот, ниту задоволување на бугарските империјални барања за ставање на Македонија во подредена положба. СПМ во овакви околности не поддржува никакви промени на македонскиот Устав што би се правеле во недемократски амбиент со окторирана и уценета власт. СПМ нема да партиципира во работната група на власта која нема мандат ниту легитимет за вакви уставни промени. Таа треба да се формира дури откако ќе се изгласа потребата за промена на Устав во Собранието, со потребното двотретинско мнозинство“, велат од СПМ.

Министерот за правда Кренар Лога претходно изјави дека рокот за номинација е 10 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ