недела, 19 мај 2024
Избори 2024

Пендаровски го призна поразот и им честиташе на Сиљановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ

Досегашниот претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски на прес-конференција по објавувањето на првичните резултати рече дека резултатите се јасни и им честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и на својата противничка, Гордана Сиљановска Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

„На крајот на овој долг изборен ден дозволете да им се заблагодарам на сите учесници во изборниот процес и на сите институции што беа ангажирани. Има неколку извештаи за прекршување на изборните правила, но тоа оставаме на институциите да го решат. Резултатите се јасни и немам намера да ги образложувам. Сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа. Не сум сигурен дека совеста им е мирна на оние што тргнувајќи од теснопартиски или лични политички интереси денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат на претседателските избори. На сите вас сакам да ви се заблагодарам за успешната работа на овие пет години“, изјави на прес-конференцијата Пендаровски.

Мојот коцепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евро-атлантските структури за жал не доби поддршка и сум длабоко уверен дека само таква Македонија може да биде успешна, рече Пендаровски.

„Длабоко сум уверен дека само таква Македонија може да биде успешна, и мојата совест е чиста, но не верувам дека им е чиста на оние кои,  тргнувајќи од тесно партиски и лични интереси, денеска ефективно спречија илјадници граѓани да го земат и второто ливче и да гласаат за преседателските избори, осврнувајќи се на бојкотот на претседателските избори“, додаде Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ