сабота, 27 јули 2024

Пендаровски достави иницијатива за собирање потписи до ДИК, Јакимовски објави дека ги собрал потребните потписи

Иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател на Македонија, денеска е доставена до Државната изборна комисија (ДИК) од страна на актуелниот претседател Стево Пендаровски. А претседателот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски објави на фејсбук дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.

Објавено на

часот

Сподели

Потписите, како што објави ДИК, ќе се собираат во подрачните одделенија на Државната изборна комисија на цела територија на државата.

Претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција ја објави својата кандидатура за втор мандат. Тој рече дека ја најавува својата граѓанска кандидатура за претседател на државата и ги повика сите граѓани од 3 март, недела, да му дадат поддршка со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија.

„Во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори. Зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели, или најблиските соработници“, истакна Пендаровски.

А претседателот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски објави на фејсбук дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.

„Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен, а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија. Секој од нас заслужува подобро‼️Храбро до победа‼️ Да живее Македонија‼️“, напиша Јакмовски на Фејсбук.

Јакимовски објави дека собрал 10.372 потписи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ