четврток, 22 февруари 2024
Климатски промени - Дубаи

Пендаровски: Целта на Македонија е да ги намали за 82% нето емисиите на стакленички гасови до 2030

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски посочи дека Македонија, сместена во еден од најранливите климатски региони во светот, Медитеранот, е мала земја со големи климатски амбиции и посочи дека наша цел е да ги намалиме за 82% нето емисиите на стакленички гасови до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година, соопшти кабинетот на шефот на државата.

„Не е нов фактот дека човештвото се соочува со огромна климатска криза. Свет уништен од климатските промени би бил свет погоден од незамисливо човечко страдање. А непроценливата неправда е во тоа што најранливите нации, популации и сектори би биле несразмерно погодени. Најпрво доаѓаат ранливите нации. Сместена во еден од најранливите климатски региони во светот, Медитеранот, Северна Македонија е мала земја со големи климатски амбиции. Наша цел е да ги намалиме за 82% нето емисиите на стакленички гасови до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година. Ова не е лесна задача. Електраните на јаглен се наш главен извор на електрична енергија, но и најголеми загадувачи кои влијаат и на климата и на здравјето“, истакна Пендаровски.

Дилемата е како постепено да се исфрли јагленот без да се загрози енергетската безбедност на земјата и егзистенцијата на заедниците. И покрај енергетската криза, посочи Пендаровски, решени сме да ја постигнеме оваа цел до крајот на деценијата. Северна Македонија беше првата европска пилот земја избрана за програмата за забрзана транзиција на јаглен од страна на Фондот за климатски инвестиции.

„Овде, на COP28, заедно со ЕБОР ќе ја лансираме Инвестициската платформа за правична енергетска транзиција, која ќе ни помогне да ги мобилизираме потребните средства за да се префрлиме на обновливи извори, да ги забрзаме инвестициите во мрежата и да создадеме висококвалитетни зелени работни места за рударските заедници. Оттука, сакаме да ги поканиме потенцијалните партнери и донатори да се приклучат на оваа платформа и да докажеме дека правичната енергетска транзиција не само што е неопходна, туку е и можна и достапна. Со тоа, ние ќе се усогласиме со Глобалната заложба за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на ЕУ“, рече шефот на државата.

Втора ранлива популација, како што посочи, се децата. Го поддржуваме, наведе Пендаровски, „завршувањето на првиот глобален запис, усвојувањето на Глобалната цел за рамка за адаптација и правењето на Фондот за загуби и штети оперативно одржлив. За да бидат вистински правични и непристрасни, сите системи мора да ги интегрираат потребите и да ги почитуваат правата на децата“.

„Трети се ранливите сектори, како што е здравството. Справувањето со климатските промени може да биде можност за развој на здравствени системи отпорни на климатски промени и катастрофи. За таа цел, целосно ја поддржуваме Декларацијата за климата и здравјето. На крајот, грижејќи се за планетата и луѓето, за екосистемите и економијата, ќе ја намалиме енергетската несигурност и ќе придонесеме за многу потребниот мир и безбедност. Ранливоста може да биде изговор за очајување или шанса за акција. Ајде да ја избереме втората опција“, повика претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на  Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности во Дубаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ