сабота, 27 јули 2024

Пендаровски ѝ честиташе на Сиљановска Давкова и изрази благодарност до граѓаните

Сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски, по предавањето на функцијата на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во објава на фејсбук се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба и на неговите соработници во тек на мандатот. Претходно тој ѝ честиташе на новата претседателка изборната победа и ѝ посака успех на претседателската функција.

 

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, напиша Пендаровски.

Претходно тој ѝ честиташе на новата претседателка изборната победа и ѝ посака успех на претседателската функција.

„На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Сиљановска-Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата. Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава“, соопшти претседателскиот Кабинет.

Сиљановска Давкова денеска ја презеде функцијата претседател на државата од Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.

Претходно во Собранието даде свечена заклетва за совесно извршување на должноста, со што го почна петгодишниот претседателски мандат.

Сиљановска Давкова е шести претседател и прва претседателка од осамостојувањето на државата.

На Претседателските избори кои се одржаа на 24 април и 8 мај, таа освои 561.000 гласови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ