сабота, 27 јули 2024

Пелоси: Путин најмногу се плашеше од Хилари Клинтон

Објавено на

часот

Сподели

Пелоси овие тврдења ги кажа во понеделникот во Училиштето за меѓународни и јавни работи на универзитетот Колумбија, додека држеше предавање за „глобалната политика, националната безбедност и назадувањето на демократијата“.

„Нејзината јасност и ставот кон Путин го натераа незаконски да се бори против неа во кампањата“, кажа Пелоси. „Хилари Клинтон беше личноста од која најмногу се плашеше, во смисла на недостигот од демократија во Русија“.

Клинтон изгуби од Трамп и покрај тоа што водеше во анкетите до две недели пред изборите. По претседателските избори и подоцнежните обвинувања за мешање на руските власти, американските разузнавачки агенции заклучија дека руски компании ги целеле системите за регистрација на гласачите во најмалку 21 држава и украле лични податоци на гласачи за да создадат негативен публицитет за демократските функционери, особено за Клинтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ