петок, 18 октомври 2024

Пелистер со максимален број на порази го заврши настапот во ЛШ

14 порази од 14 натпревари, тоа е конечниот учинок на Пелистер во Лигата на шампионите откако македонскиот тим денеска го загуби и последниот меч, битолчани беа поразни на гостувањето кај Колстад со 34-27.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот шампион, Пелистер, имаше срамен настап во Лигата на шампионите, битолчани не успеаа да победат на ниту еден од 14 натпревари кои ги одиграа во елитното натпреварување оваа сезоната.

Завесата на оваа неславна епизода беше спуштена денеска на гостувањето кај Колстад каде приказната беше слична и на сите претходни, со вообичаен крај, пораз на Пелистер.

Колстад многу брзо покажа дека нема да има проблем да го совлада Пелистер, откако почна мечот брзо создадоа разлика која ја зголемуваа, во средината на првиот дел беше 11-4, до крајот на полувремето битолскиот тим успеа да намали дел од негативата, на одморот се отиде со водство на домаќините од 17-13.

Половина од второто полувреме се играше гол за гол, водството на Колстад се движеше меѓу 4 и 5 разлика, потоа следуваа осцилации кај двете екипи. Домаќините зголемија на 28-21, а тогаш следуваше серија од 4-0 на Пелистер по која битолчани дојдоа на само три негатива. Сепак, норвешкиот тим не дозволи изненадување, додаде гас во последните минути и на крајот дојде до убедлива победа од 34-27.

Борзаш со десет голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Кузмановски и Танкоски постигнаа по три, во тимот на Колстад Лисе беше незапирлив со 11 погодоци, Гудјонсон постигна осум.

Со оглед на очајниот настап на Пелистер и очигледното заостанување зад кремот на Европа, потребна е голема доза на оптимизам дека ќе добиеме вајлд карта од ЕХФ за македонскиот шампион да го продолжи континуитетот на настапи во ЛШ и следната сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ