Пелистер во 69. минута остана со играч помалку откако Тарасенко заработи втор жолт картон. Но само пет минути подоцна Ристевски даде гол за водство на битолчани од 1-0 што беше и конечен резултат.
Силекс со голови на Ѓорѓиевски и Алиќ во второто полувреме славеше кај Брера со 2-0.
Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Беса и Струга кој заврши со победа за домаќините од 3-2.
Струга поведе со гол на Укпа, но потоа Беса даде три гола преку Шефити, Незири и Селмани. Пред самиот крај стружани дадоа уште еден погодок преку Малески.
Тиквеш оствари многу значајна победа од 2-1 против Гостивар. Садик и Вераловски ги дадоа головите за кавадаречкиот тим, Ивановски погоди за гостите.
Работнички од 14. минута преку Гандо имаше водство кај Воска, но домаќините се спасија со погодок на Осеи во четвртата минута од судиското продолжение.
Резултати:
Брера – Силекс 0-2
Беса – Струга 3-2
Шкупи – Пелистер 0-1
Тиквеш – Гостивар 2-1
Воска – Работнички 1-1
Вчера
Вардар – Шкендија 1-1
Табела: Шкендија 50, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 29, Вардар 22, Тиквеш 21, Брера 21, Беса 21, Воска 19.