сабота, 27 јули 2024

Пелистер против МЗТ Скопје ќе се бори за трофејот од Купот на Македонија

Пелистер во последниот период го скрши отпорот на Еуро Никел, победи со 78-68 и се пласираше во финалето од Купот на Македонија каде утре ќе игра против МЗТ Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

По цели 15 години, Пелистер се пласира во финалето од Купот на Македонија и дојде на чекор до трофеј.

Еуро Никел се покажа како трвд орев, но ја загуби силата во последните десет минути и доживеа убедлив пораз.

Мечот беше неизвесен во најголемиот тек, а кога требаше да се решава, Пелистер заигра многу подобро и победи со 78-68.

Најдобар во составот на Пелистер беше Јуре Планиниќ со 27 поени од кои дури 24 во првото полувреме, одличен беше и Маслинко со 22 поени. Во тимот на Еуро Никел, Смит Меквин постигна 21 поен, Врањеш 17.

Утрешното финале меѓу Пелистер и МЗТ Скопје се игра со почеток од 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ