сабота, 19 октомври 2024

Пелистер преку Феникс до полуфиналето од Купот на Македонија

Пелистер е последниот полуфиналист во Купот на Македонија откако со 81-70 го совлада Феникс 2010.

Објавено на

часот

Сподели

Последниот четвртфинален меч од Купот на Македонија беше за домаќинот, Пелистер го совлада Феникс и го одржа сонот за финалето.

Феникс во првата четвртина имаше предност и од осум поени разлика, но на крајот со -4 ги заврши почетните десет минути. Пелистер ја одржуваше предноста во вториот период, на полувремето замина со водство од 38-35.

Во вториот дел веќе стана јасно кој ќе биде победникот на овој меч, Пелистер дојде и до водство од 15 поени разлика, беше 58-43. Во последниот период битолчани имаа и фантастични 21 разлика, на крајот славеа со 81-70.

Андреј Магдевски со 17 поени беше најефикасен кај составот од Битола, додека Андреј Маслинко додаде 14 поени со осум скока. Самаје Џонс со 20 поени беше најпрецизен кај Феникс.

Пелистер во полуфиналето ќе игра против Еуро Никел кој денеска беше подобар од Чаир. Мечот се игра од 19:30.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ