сабота, 27 јули 2024

Пелистер поразен и на последниот домашен натпревар во ЛШ

Уште едно разочарување за навивачите на Пелистер, актуелниот македонски шампион доживеа нов пораз во Лигата на шампионите, овојпат загуби дома од Алборг со 33-28.

Објавено на

часот

Сподели

13 натпревари и исто толку порази за Пелистер во Лигата на шампионите оваа сезона. Силниот Алборг ги надигра зелените и со триумф си замина од Битола.

Пелистер беше рамноправен противник со Алборг во воведниот дел од мечот. Беше 10-10 кога противникот почна да се одлепува, на одморот се замина со предност од 17-14 за гостите.

Во вториот дел Алборг ја чуваше предноста, неколкупати стигна и до седум гола разлика, конечниот резултат гласеше 33-28.

Најефикасен кај Пелистер беше Кузмановски со девет голови, Борзаш постигна шест. Во составот на Алборг, Бјорнсен и Бартхолд постигнаа по пет.

На Пелистер му остана уште еден натпревар од Лигата на шампионите, тоа е гостување кај Колстад идната среда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ