петок, 14 јуни 2024

Пелистер победи, но Вардар се радуваше во Битола

Пелистер со 29-25 го доби денешното дерби против Вардар, но со тој резултат не ја анулира негативата со која се врати од Скопје на почетокот од сезоната кога црвено-црните славеа со 30-25.
 

Објавено на

часот

Сподели

Битолскиот тим водеше во текот на целиот натпревар, во текот на второто полувреме имаа предност и од девет голови разлика, но на крајот не успеаа да дојдат до посакуваниот резултат.

На две минути пред крајот Пелистер имаше предност од 28-21 и никој не се надеваше дека до крајот може да се случи чудо, но Вардар даде четири брзи гола, од кои последниот беше на Дарко Ѓукиќ пред звукот на сирената за крај. Конечниот резултат беше 29-25 за Пелистер.

Ненад Костески и Домен Тајник постигнаа по пет гола за победникот, кај Вардар по четири имаа Марко Срдановиќ, Милан Лазаревски и Ансер Родригез, кој се наметна како џокер. Калифа Гедбан имаше 12 одбрани, Мартин Томовски 11, од нив седум во вториот дел. 

Сега и Вардар и Пелистер имаат по 21 бод по осум кола, но скопјани се подобри во меѓусебниот однос, а според пропозициите тоа ќе пресуди на крајот од оваа прелиминарна фаза во првенството, што значи Вардар би завршил прв и би пренел три бода, а Пелистер како втор – два.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ