Второто коло во ПМФЛ ја носи големата пресметка помеѓу Вардар и Пелистер, за вечното дерби да биде на највиско ниво, одбран е вечерен термин на Арената „Тодор Проески“ со присуство на двете навивачки групи.
Сепак, „зелно-белите“ негодуваат на одлуката судијата Игор Стојчевски да ја дели правдата.
„Сакаме да ја апострофираме нашата целосна доверба во структурите и професионалците во Судиската комисија при ФФМ, но изненадени сме од делегирањето на скопски судија. Се прави лош исклучок кој не им помага на клубовите, а ниту на судијата Игор Стојчевски и неговите помошници. Сметаме дека постои широк избор на судии кои не доаѓаат од Скопје или Битола, а можеа да бидат делегирани. Ниту на судијата Стојчевски не му се прави услуга, туку му се наметнува директен притисок пред најголемиот натпревар во мак-фудбаалот“ – се вели во дел од соопштението на Пелистер.
Довербата да ја дели правдата на натпреварот помеѓу Вардар и Пелистер му е доделана на Игор Стојчевски, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Даниел Василевски. Четврти судија ќе биде Александар Урошевиќ.