Пелистер и Нилсен спогодбено го раскинаа договорот. Битолчани не беа задоволни од неговите игри, а тој сакал да се врати во својата земја.
„Пелистер спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. Сепак, заради професионален предизвик и враќање во татковината, Нилсен пред истекот на договорот се разделува со нашиот клуб. Пелистер му се заблагодарува за периодот минат во нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Искрено му посакуваме успех во следниот предизвик“, стои во објавата на клубот.