Во четвртото коло од Лигата на шампионите, Пелистер го забележа четвртиот пораз, овојпат тоа се случи во Париз на гостувањето кај силниот ПСЖ.
Пелистер му пружи одличен отпор на ПСЖ, рамноправно беше до 10-10, кога францускиот тим успеа да се одлепи малку и на полувремето замина со предност од 15-12.
Во вториот дел Пелистер успеа да се доближи до -1, но кога се кршеше натпреварот ПСЖ притисна и не дозволи изненадување, највисокото водство им беше шест разлика, а конечниот резултат гласеше 31-26.
Борзаш, Пешевски и Тајник постигнаа по пет голови кај Пелистер. Најефикасен кај ПСЖ беше Шипжак со седум погодоци.
Во следното коло, за седум дена Пелистер гостува кај Загреб.