сабота, 27 јули 2024

Пелистер го помина ТФТ и закажа финале со МЗТ Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Пелистерци по вторпат го совладаа ТФТ Скопје, овојпат на гостински терен. Клучна беше првата четвртина која гостите ја добија со 26-18. Создадената предност во овој период ја одраа до крајот.

Најдобар во составот на Пелистер беше Андреј Маслинко со 23 поени и 11 скокови, Карпентер постигна 20, а Карутерс 17 поени. Во составот на ТФТ најдобар беше Мекбраер со 17 поени.

Финалето меѓу МЗТ Скопје и Пелистер се игра во три добиени натпревари. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ