сабота, 27 јули 2024

Пелистер ги отпушти Јовиќ и Шундовски, Ангеловски ќе го води тимот

Актуелниот македонски шампион, Пелистер рано во сезоната прави тренерска промена, раководството на клубот незадоволно од резултатите го разреши двоецот Шундовски – Јовиќ.
 

Објавено на

часот

Сподели

Чашата ја прели победата над Вардар која не беше доволно висока. Пелистер прокоцка огромна предност против црвено-црните и приреди уште едно разочарување за своите навивачи оваа сезона.

Раководството на клубот реагираше веднаш и направи тренерска смена. Шундовски и Јовиќ се разрешени, а привремен тренер ќе биде Бранко Ангеловски кој ќе ја води екипата додека не се најде трајно тренерско решение.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека досегашниот тим менаџер на екипата г-дин Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на нашиот клуб. Управата на клубот одлучи  да го разреши од прв тренер на екипата и г-дин Александар Јовиќ. Во наредните натпревари до донесување на конечна одлука околу изборот на тренер, екипата ќе ја води г-дин Бранко Ангелковски. Во оваа прилика РК Еурофарм Пелистер упатува огромна благодарност до г-дин Звонко Шундовски и г-дин Александар Јовиќ за целиот нивен досегашен допринос за клубот. Под водство на Јовиќ и Шундовски нашиот клуб ја освои титулата во сезоната 2022/23“, стои во соопштението на РК Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ