По ждрепката во Виена со која беа одредени групите во ракометната Лига на шампиони, ЕХФ го објави и распоредот.
Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер против ППД Загреб на домашен терен ќе ја отвори сезоната во елитното европско натпреварување, мечот се игра на 13/14 септември.
„Зелено-белите“ потоа ги чекаат три тешки натпревари, гостувања кај Кјелце и ПСЖ, и пресметка во Битола против Кил.
Последниот натпревар во 2023 се игра на 06/07 декември, Еурофарм Пелистер ќе го пречека Колштад.
Возбудувањата во Лигата на шампиони продолжуваат на средината од февруар 2024 година, кога ПСЖ гостува во Битола. Последното коло е на 06/07 март 2024 година, Еурфарм Пелистер ќе гостува кај ППД Загреб.
КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД
13/14.09.2023 – Пелистер – ППД Загреб
20/21.09.2023 – Кјелце – Пелистер
28/29.09.2023 – Пелистер – Кил
11/12.10.2023 – ПСЖ – Пелистер
18/19.10.2023 – Колштад – Пелистер
25/26.10.2023 – Пелистер – ПИК Сегед
15.16.11.2023 – Алборг – Пелистер
22/23.11.2023 – Пелистер – Алборг
29/30.11.2023 – ПИК Сегед – Пелистер
06/07.12.2024 – Пелистер – Колштад
14/15.02.2024 – Пелистер – ПСЖ
21/22.02.2024 – Кил – Пелистер
27/28.02.2024 – Пелистер – Кјелце
06/07.03.2024 – ППД Загреб – Пелистер