сабота, 27 јули 2024

Пекинг: Зеленски лаже дека вршиме притисок врз некои земји да не учествуваат на самитот во Швајцарија

Кина демантираше дека „врши притисок“ на некои земји да не учествуваат на мировниот самит за Украина кој се организира во Швајцарија, како што тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Примената на сила не е стилот на кинеската дипломатија. Ставот на Кина е отворен и транспарентен и во ниту еден случај не вршиме притисок врз други земји“, им кажа на новинарите Мао Нинг, портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи.

Зеленски овој викенд на безбедносната конференција во Сингапур Дијалогот Шангри ла ја обвини Кина дека врши притисок врз други земји и нивните лидери да не присуствуваат на мировниот самит за Украина кој кон средината на месецот го организира Швајцарија.

Тој не прецизираше за кои земји станува збор. Кажа дека Кина ѝ помага на Русија во настојувањата да се наруши претстојната мировна конференција за Украина.

Кина истакна дека има неутрален став кон конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ