сабота, 27 јули 2024

Пекинг: Тајван е Кина, кој и да е таму на власт

Пекинг соопшти дека Тајван е дел од Кина, без оглед кој е таму на власт, пренесоа кинеските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Внатрешната политичка ситуација во Тајван по ништо нема да го смени историскиот и правен факт дека двата брега на мореузот ѝ припаѓаат на истата и една Кина“, соопшти денес портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина Ванг Венбин.

Кина одметнатиот остров со 23 милиони жители кој има автономна власт го смета за дел од својата територија и планира да го врати под своја контрола.

„Независноста на Тајван оди во ќорсокак“, кажа Венбин.

Како што пренесуваат азиските медиуми, Венбин оцени дека без оглед под која маска или знаме, „тежнеењето за независност и одвојување на Тајван е осудено на пропаст“.

Новиот тајвански претседател Лај Чинг Те денес ја презема функцијата и се обврза дека ќе работи на зачувувањето на суверенитетот на Тајван без формално прогласување независност.

Во говорот на инаугурацијата кажа дека Пекинг „мора да го почитува изборот на тајванскиот народ“.

Пекинг го опиша Лај како „опасен сепаратист“ поради неговите изјави во прилог на независност на Тајван.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ