сабота, 19 октомври 2024

Пекинг му постави ултиматум на Техеран: Или зауздајте ги нападите на трговските бродови или ќе има последици

Кинеските власти побараа од иранските колеги да помогнат во зауздувањето на нападите на јеменските бунтовници Хути на трговските бродови во Црвено Море, поради тоа што, во спротивно, ризикуваат да ги нарушат деловните односи со Пекинг, кажале за Ројтерс четири ирански извори и дипломати запознаени со проблемот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворите навеле дека разговори за тоа се водени на неколку неодамнешни состаноци во Пекинг и Техеран, одбивајќи да прецизираат кога точно се случиле средбите и кој присуствувал.

Неименуван ирански функционер истакнал дека кинеските функционери кажале дека, доколку на кој било начин им биде нанесена штета на интересите на Кина, тоа ќе влијае на соработката на Пекинг со Техеран.

Изворите додале дека кинеските власти не прецизирале на кој начин во тој случај би биле нарушени трговските односи на Кина и Иран.

Иако Кина е најголемиот трговски партнер на Иран во минатата деценија, трговскиот однос на двете земји е несреден, наведува Ројтерс.

Британската агенција наведува дека, на пример, кинеските рафинерии за нафта минатата година купиле повеќе од 90 отсто од иранскиот извоз на сирова нафта, откако американските санкции ја држат подалеку од други купувачи, а дека кинеските фирми профитирале од големите попусти.

Иранската нафта, меѓутоа, е само 10 отсто од кинескиот увоз на сирова нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ