сабота, 27 јули 2024

Пекинг ги предупреди Сеул и Вашингтон да не провоцираат конфликти со Пјонгјанг

Објавено на

часот

Сподели

„Сите страни треба да се соочат со суштината на проблемот на Корејскиот Полуостров и да имаат конструктивна улога во промовирањето мирно решение на проблемот“, кажа портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Таа повика „да не се разгоруваат тензии, да не се предизвикуваат конфликти и да не се упатуваат закани“.

Американскиот претседател Џо Бајден на состанокот во Вашингтон со јужнокорејскиот колега Јун Сук Јеол предупреди дека нуклеарен напад на Северна Кореја на САД или на американските сојузници или партнери би значел крај на севернокорејскиот режим.

Претседателите на САД и на Јужна Кореја постигнаа договор кој опфаќа планови американски нуклеарни подморници да бидат вкотвени кај Корејскиот Полуостров за првпат по повеќе од 40 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ