сабота, 27 јули 2024

Пекаше Мицкоски за влада без ДУИ, а сега е со ДУИ, реагира СДСМ

„ДПМНЕ пекаше за Влада без ДУИ, а влезе во Влада со ДУИ. Сѐ што кажа Христијан Мицкоски излажа. Велеше единствен услов му бил ДУИ да не биде дел од Владата, дека не прифаќа Влада со ДУИ. Па се пишмани и ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ“, реагира преку соопштение СДСМ објавувајќи црно-бела фотографија од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Сега ДПМНЕ има министри и заменици министри во техничката Влада, кои му се поклонија на Талат Џафери, а велеа дека тој не заслужува да биде технички премиер, иако во периодот 2012-2014 беше министер за одбрана во влада на ДПМНЕ.

Повторно се виде дека Мицкоски манипулира, го лаже членството, ги лаже граѓаните. Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните, туку фотелјите и власта“, се вели во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ