вторник, 22 октомври 2024

Пејачката Северина задржана на српската граница, Вучиќ: Мора да се трудиме да се разликуваме од Хрватска

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави синоќа дека списоци, врз основа на кои српската полиција ја задржала хрватската пејачка Северина Вучковиќ на границата, веројатно ќе биде укинати во следните неколку дена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е од претходно, некои правеле некакви списоци на кои има десетина луѓе. Верувам дека сите тие списоци ќе бидат укинати во следните два-три дена“, кажа Вучиќ.

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ потврди дека граничната полиција ја задржала Северина врз основа на списоци за „вербални деликти“ и најави дека на нив во иднина ќе бидат само оние кои извршиле кривични дела и оние кои претставуваат безбедносна закана.

Вучиќ кажа и дека Северина „не била приведена, туку само била задржана на границата и тоа два часа, не повеќе“ и додаде дека „тоа е многу глупаво и целосно непотребно“ но не поради Северина, туку затоа што Србија „мора многу да се разликува од Хрватска во сè“.

„Не дај Боже да водам држава во која ќе го апсиме секого кој ќе пее песна на (Марко Перковиќ) Томпсон. Чувај ме Боже од онаа држава (Хрватска) која апси секого кој го сака Маба Мали Книнџа. Со нив нешто не е во ред, јас не сакам ние да бидеме такви. Тоа што тие ја мразат Србија, зборуваат за себе“, кажа Вучиќ.

Вучиќ со тоа алудираше на случајот на адвокатот Немања Бериќ кој во Хрватска беше осуден на 15 дена затвор за тоа што во својот автомобил пеел песна на Баја Мали Книнџа.

Северина претходно изјави дека припадници на српската полиција ја задржале четири часа на границата и ја испрашувале за геноцидот во Сребреница, хрватската воено-полициска операција Олуја и зошто ги поддржала демонстрациите против копањето литиум во Србија.

Северина за хрватскиот портал 24 сата кажа дека повеќе „нема да оди“ во Србија сè додека Вучиќ е на власт, кого го обвини дека „протерал од државата стотици илјади Срби кои избегале од неговата политика и економијата, а дека сега остатокот настојува да го труе со литиум“.

Инаку, Северина треба утре да настапи во Крива Паланка, дали таа беше тргната кон Македонија преку Србија, останува самата да каже. Северина треба да настапи на Градскиот плоштад во Крива Паланка како главна ѕвезда со која ќе бидат заокружени фестивалските прослави посветени на патрониот општински празник „Свети Јоаким Осоговски“ – 29 август и на Денот на рударите – 28 август, кога воедно се прославува и Голема Богородица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ