сабота, 27 јули 2024

Пехарот од Светското првенство пристигна во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Легендарниот бразилски фудбалер, Жилберто Силва и македонскиот претседател, Стево Пендаровски во просториите на „Скопска Пивара“ го открија оригиналниот пехар од Светското првенство.
 
„Драго ми е што сум во земја каде луѓето го сакаат фудбалот. Фудбалот е инспирација за животот кој дава надеж, дава верба. Македонија беше многу блиску до Светското, беше на чекор, не се пласира, но треба да продолжите да сонувате и со напорна работа да се стремите кон следното Светско првенство. Тоа што бевте блиску дава надеж, мотивација и инспирација за во иднина“, рече Жилберто Силва.
 
Претседателот Стево Пендаровски упати благодарност до организаторите за можноста и честа Македонија да биде една од земјите домаќини на овој значаен спортски трофеј.
 
„Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ”, порача претседателот Пендаровски.
 
Македонија беше една од 51. држава кои ќе имаат чест да го видат пехарот пред да почне Светското првенство во ноември. 
 
Фудбалското Светско првенство кое же се одржи во Катар почнува на 21 ноември и ќе трае до 18 декември.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ