сабота, 27 јули 2024
Извлечени 1.500 кг отпад

Пегли, радијатори, бојлери, мобилни: гондолиерите во Венеција станаа нуркачи и чистат ѓубре

Деновиве венециските гондолиери повторно се преоблекоа во нуркачи за од два венециски канали да извлечат дури 1.500 килограми ѓубре како дел од претпоследната сезонска акција за чистење отпад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е досега рекордно количество“, рекоа во понеделникот членовите на венециската асоцијација на нуркачи-гондолиери, која работи под името Гондолиер.

Во оваа акција за чистење на отпадот беше исчистен дел од Канал Гранде и помалиот канал Сан Триовасо, а следната и последна кампања оваа сезона ќе се одржи на 21 април во Мурано.

Гондолиерите, заедно со волонтери, со години се активно вклучени во борбата против ѓубрето што се фрла во каналите на венециската лагуна.

Тие годинава во потрага по отпад нурнаа во морето пред плоштадот Свети Марко. Оттаму извлекоа пегла, три радијатори, два бојлери, неколку железни цевки и три долги олуци.

Во фрленото ѓубре пронашле и два пропелери, четири мобилни телефони, 40 гуми, илјадници стаклени шишиња и една лична карта.

Акцијата ќе трае уште неколку недели, пишуваат локалните медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ