Синоќа се појавија информации дека ПСЖ сака да го ангажира Осман Дембеле како замена за Килијан Мбапе, а кратко потоа излегоа и гласини дека „светците“ го меркаат и Педри.
На Камп Ноу се релаксирани кога е во прашање иднината на Шпанецот, тој во моментов нема желба да замине а и откупната клаузула е недостижна за речиси ниту еден клуб и изнесува 1 милијарда евра.
Но „каталонците“ стравуваат дека Осман Дембеле може да има направи проблем, неговата откупна клаузула до 31. јули изнесува само 50 милиони евра. И за ситуациајта да биде уште полоша, на Барса ќе и припадне само половина од оваа сума, останатите 25 милиони евра ќе ги поделат играчот и агентот.
Тоа би значело дека Барселона ќе има прилично ограничени ресурси за да најде квалитетна замена за Французинот.
Сега се е во рацете на Осман Дембеле, парите кои му ги нуди ПСЖ во овој момент нема шанси да ги добие во Барса.