петок, 26 јули 2024

Педесетина американски градови бараат прекин на огнот меѓу Израел и Газа

Околу 70 американски градови донеле резолуции за војната на Израел во Газа од кои повеќето повикуваат на прекин на огнот, покажува анализа на градските податоци на Ројтерс, со што се засилува притисокот врз претседателот Џо Бајден пред општите избори во ноември да помогне во прекинот на борбите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 47 града донеле симболични резолуции повикувајќи на сопирање на израелското бомбардирање на Газа, додека шест други донеле резолуции кои пошироко заговараат мир. Најмалку 20 донеле резолуции со кои се осудува нападот на Хамас на 7 октомври.

Повеќето резолуции за прекин на огнот се усвоени во демократски држави како Калифорнија, иако барем 14 се усвоени во неодлучени држави како Мичиген, што може да биде одлучувачко во новото соочување на Бајден против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Администрацијата на Бајден ги одби повиците за прекин на огнот, кој го поддржуваат повеќето Американци, тврдејќи дека израелски прекин би го охрабрил Хамас. Критичарите на резолуциите на градските совети тврдат дека тие немаат реален ефект врз националната политика и го одвлекуваат вниманието од домашните прашања.

На прашањето за коментар, Белата куќа порача дека врши притисок врз Израел да избегне цивилни жртви во Газа.

Ројтерс собрал податоци од 70 градови кои донеле резолуции за војната во Газа. Тие се движат од големи градови како Сан Франциско до помали градови како Карборо во Северна Каролина и родниот град на Бајден Вилмингтон во Делавер.

Многу од повиците за прекин на огнот се формулирани според резолуцијата на конгресменката од Мисури Кори Буш „Прекин на огнот сега“, која повикува и на ослободување на заложниците и зголемување на помошта за Газа.

Најмалку девет повици за прекин на огнот имало во Мичиген, каде Американците со арапско потекло имаат 5 отсто од гласовите, а разликата на Бајден во победата над Трамп во 2020 беше помала од 3 отсто. Анкета од октомври покажала дека поддршката за Бајден меѓу Американците со арапско потекло од 59 отсто од 2020 паднала на 17 отсто.

„Оваа војна е нешто што гласачите ќе го имаат предвид“, кажа Даглас Вилсон, демократски стратег во сојузната држава Северна Каролина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ