сабота, 27 јули 2024

Пецаков ѝ одговори на Кузеска: Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема

„Прво Филипчо и Инфомакс и онај ликот со анонимни полициски пријави од Охрид, а денес и Левица и СДСМ во ист глас,со ист прес за спортската гордост на Охрид, а тоа е ГРК Охрид . Јасна ми е коалицијата, а богами добар ви е и патот“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков како одговор на обвинувањата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска дека има нов скандал во општините под капа на ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас сум го основал клубот во 2011година и сум бил капитен на клубот се до 2016 година. Во 2013 со основачки влог од 25.000 евра на општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК Охрид 2013 , кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК Охрид и така е до ден денес… Од како е Акционерско Друштво од 2013 не членувам,ниту сум бил на било која извршна или не извршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година па на вака, главен финансиер на ГРК ОХРИД е општина Охрид и така и ќе останит, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на сите спортски клубови на територија на општина Охрид. Општина Охрид врз основа на доделените средства во спортот и спортските екипи со гордост кажувам е една од најпосветените општини и токму затоа имаме успешни спортски екипи од градот, а нажалост ваша и на СДСМ и на Левица, а богами и на Филипчо , ќе продолжам уште попосветено и за подобри и повисоки резултати и успешни спортски приказни ги повикувам исто ко вас и јас институциите да проверат за било каква злоупотреба, не за друго за конечно после то да имат одговорност за тежината на секој даден збор и исказ, ама овај пат не отстапувам од барање одговорност за одржаните пресови и реакции , досега се ви опростив и сите невистини. Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема за жал. Нема да го уништите спортот и правилниот развој на младите во Охрид. Вие сте завршена приказна. Се гледаме утре во 11 часот на прес за работи, за проекти и за она како ние знаеме да работиме и како треба да одиме напред“, вели во реакцијата на социјалните мрежи Пецаков.

Претходно Кузеска го овини градоначалникот на Охрид, Пецаков дека доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач и дека над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од Општина Охрид како директна поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ