петок, 26 јули 2024

Пчеларите да ги заштитат пчелите, викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Објавено на

часот

Сподели

Градот Скопје информира дека во сабота и во недела, во раните утрински часови, ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин“, се додава во денешното соопштение.

Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ