сабота, 27 јули 2024

Патрушев: САД делат вина за нападот во Москва

Претседателот на рускиот Совет за национална безбедност Николај Патрушев оцени дека и САД делат вина за нападот во предградието на Москва, каде минатиот месец беа убиени 144 лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, но руските власти, вклучително и претседателот на државата Владимир Путин, тврдат дека Украина е одговорна за злосторството.

„Сакаат да ни наметнат дека терористичкиот акт не е извршен од режимот во Киев, туку од поддржувачи на радикалната исламска идеологија, можеби членови на авганистанскиот огранок на Исламска држава“, рече Патрушев во Казахстан.

Тој изјави дека е важно брзо да се утврди кој е спонзор на монструозното злосторство, пренесува АП.

„Трагови водат до украинските специјални служби. Но, сите знаат дека режимот во Киев не е независен, туку е под целосна контрола на САД“, рече Патрушев.

Руското државно обвинителство денеска испрати барање до САД, Германија, Франција и Кипар да добијат информации за можната вмешаност на западните земји во напади на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ