сабота, 19 октомври 2024

Патот Охрид-Подмоље кон Кичево од денеска повторно отворен за сообраќај

Објавено на

часот

Сподели

Од денеска во 11 часот во редовен сообраќај ќе биде пуштена делницата од магистралниот пат Охрид – Кичево на потегот од излезот на градот до Подмоље, што поради градежни работи од минатиот месец беше затворена за сообраќај.

Со тоа престанува да важи времениот режим со задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид – Струга.

Од СВР – Охрид апелираат до возачите на внимателно управување со моторните возила и прилагодување на брзината кон состојбата и условите на патот.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид.

Делницата Подмоље – Охрид, како дел од автопатската делница Кичево -Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата.д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ