сабота, 27 јули 2024

Патниот правец Кочани – Македонска Каменица се одвива по една коловозна лента

Од Јавното претпријатие (ЈП) за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта известуваат дека од 7:50 часот патниот правец Кочани – Македонска Каменица, кај Истибања се одвива по една коловозна лента. Воедно, утринава влошена е состојбата и на регионалниот пат Делчево – Берово.

Објавено на

часот

Сподели

Од Јавното претпријатие (ЈП) за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта известуваат дека од 7:50 часот патниот правец Кочани – Македонска Каменица, кај Истибања се одвива по една коловозна лента.

Екипите на ЈП Македонија пат се на терен и работат на расчистување и целосна нормализација на сообраќајот.

Вердно, утринава влошена е состојбата и на регионалниот пат Делчево – Берово каде на дел од коловозите на оваа делница, паднати дрвја го попречуваат движењето на возилата. Таму од утрово со моторна механизација екипи на подружницата на Македонија Пат се вклучени во сечење и расчистување на паднатите дрвја.

Оттаму апелираат на овие делници да се вози крајно внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ