сабота, 27 јули 2024

Патнички воз излета од шините во Холандија, најмалку едно лице загина

Објавено на

часот

Сподели

Спасувачките екипи се на местото на несреќата во Воршотен, село во близина на Хаг, соопштија холандските власти, пренесува Ројтерс.

Од пожарната служба и итната помош за холандското радио изјавиле дека 19 лица се пренесени во болница, а на другите им била дадена помош на самото место.

Првиот вагон на ноќниот воз од градот Лајден за Хаг излета од шините по судирот и влета во поле, јави холандската новинска агенција АНП.

Според информациите, вториот вагон се превртел на страна, а во последниот вагон избувнал пожар, но тој брзо бил изгаснат.

Засега нема прецизни информации за причината за несреќата, а според некои од нив, во инцидентот учествувал товарен воз, кој исто така удрил во градежниот кран, јавува Ројтерс.

Холандските железници објавија на Твитер дека возовите меѓу Лајден и делови од Хаг се откажани поради несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ