сабота, 27 јули 2024

Пасошите сепак ќе мора да се менуваат, Собранието не изгласа продолжување на нивната важност

Владеачкото мнозинство во Собранието денеска не го изгласа предлог-законот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ  и колицијата за продолжување на важноста на пасошите.

Објавено на

часот

Сподели

„Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија. Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија“, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Анотнијо Милошоски веднаш по гласањето на предлог-законот во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ јавно им се заблагодари на пратениците Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласале за продолжување на важноста на пасошите и, како што напиша Милошоски, потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ