недела, 20 октомври 2024

„Паша груп“ од Кипар е нов спонзор на Шкупи

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи во новата сезона ќе влезе со свеж капитал и нов генерален спонзор. Во сопственичката структура на чело со Олгун Ајдин влегува компанијата од Кипар „Паша Груп“ која поседува повеќе елитни хотели, но има и други бизниси поврзани со технологија.

Објавено на

часот

Сподели

На официјалната прес-конференција беше претставен новиот спонзор, се обратија првиот човек на клубот и спортскиот директор Туфан Даш, а промовирани беа и новите дресови.

„Сакам да се заблагодарам на компанијата „Паша“ за почетокот на новата соработка. Доколку во земјава овозможиме да има правда, праведност и доверба во спортот, многу поголем би бил и бројот на спонзорства кои ние како клубови би ги привлекувале. Ова се значајни чекори за развивање на спортот во Македонија. Довербата за која зборувам ќе ни ја пружи „Паша Груп“ како најголем спонзор кој влегува во земјава и нашиот клуб. Ова спонзорство е голем чекор напред за нас и мак-фудбалот. Дополнително, планираме да работиме нов проект заедно со нив, со поддршка од државата“, изјави Олгун.

„Во фудбалот важи правилото, дека на терен сме противници, а надвор од него сите сме пријатели. Со оваа соработка со Паша Груп како дел од нашиот клуб, верувам и сигурен сум дека ќе имаме голем успех и достигнувања“, изјави Даш.

Во следната натпреварувачка сезона Шкупи за прв дрес ќе има комбинација црно, златно и сино, со спонзорското име на предниот дел.

Инаку, „Паша Груп“ е спонзор и на клубови како Фенербахче, Бешикташ, Гезтепе, Трабзонспор…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ