петок, 18 октомври 2024
Евролига

Партизан испушти 18 поени предност, Реал ја доби драмата во Мадрид и оди на Ф4

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид ја доби мајсторката со Партизан со 98-94 и обезбеди настап на завршницата од Евролигата.

Гостите од Белград има за што да жалат откако го диктираа темпото во првото полувреме, на пауза заминаа со предност од 39-55, а на стартот од третиот период имаа и +18, но дозволија домаќините да режираат голем кам-бек.

Ветераните Серхио Родригез и Серхио Љуљ стапија на сцена, популарниот Ел Чачо реализираше 13 поени во последната четвртина, а Љуљ во овој период забележа 8 поени и го фрлија Партизан на колена.

Кевин Пантер беше брилијантен во редовите на Партизан со 28 поени, но го промаши можеби клучниот шут за изедначување при резултат 97-94.

Реал Мадрид на Ф4 турнирот ќе ги одмери силите со лутиот ривал Барселона, а вториот пар го сочинуваат екипите на Олимпијакос и Монако.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ