четврток, 12 декември 2024

Партијата на пензионерите се спротивставува на идеите за укинување на бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во актуелноста на кризата со јавниот превоз во Скопје, предизвикана од потешкотиите во финансиското функционирање на ЈСП, но и политичките спротивставености во Град Скопје, во јавноста се појавија и гласишта за можноста на укинување на бесплатниот градски превоз за пензионерите, исто како и за учениците и студентите. На таквите, иако неофицијални најави реагира Партијата на пензионери, која најпринципиелно се спротиставува на постоењето на реалната можност за укинување на правото за бесплатно користење на градскиот јавен превоз во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овие предизвикувачки времиња за пензионерскиот стандард, правото на користење на јавниот градски превоз во Скопје, е една од најдобрите одлуки за унапредувањето на повеќе сегменти, во не така светлото пензионерско секојдневие во главниот град.

Од таа голема суштинска причина, отворено ги повикуваме најодговорните институции во Владата и Советот на Град Скопје, детално да ги разгледаат и решат сите отворени прашања и проблеми во овој сегмент, и да донесат соодветни позитивни и практични решенија, со кои ќе се продолжи со досегашната добра пракса за добробит на сите пензионер, но секако и за учениците и студентите во главниот град.

Грижата за многубројната, млада и највозрасна популација во Скопје, не е само најдобра долгорочна политичка инвестиција на сите политички субјекти во нашата земја, туку тоа претставува и нивна базична обврска за која сите тие се изјаснија во своите политички платформи и предизборни ветувања“, се вели во реакцијата на Партијата на пензионерите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ