сабота, 27 јули 2024

Партијата на Бошковски бара одговорност од судијкатa Василевска

Објавено на

часот

Сподели

Реакцијата на партијата е поради тоа што судијката не ја напишала и не ја доставила пресудата ниту по еден месец откако на Љубе Бошкоски му беше изречена казна од седум години затвор. Василевска, како што потсетува Обединети за Македонија, на денот на читањето на пресудата ветила дека таа ќе биде напишана за една недела.
„Ако г-ѓата Василевска има проблем со времето и ориентацијата, ја потсетуваме дека од нејзиното ветување не само што помина една недела, туку поминаа точно 1 месец и 11 дена, Пресудата ниту е напишана, ниту е доставена. Ова Ваше однесување, г-ѓо Василевска, како во целиот тек на судскиот процес, така и сега, остава простор за многу сомнежи и прашања што треба да ги разјасните пред македонската јавност?“, реагира Обединети за Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ