„Воедно во дворот на манастирот членовите на Македонска алијанса за европска интеграција засадија и зимзелени дрвца“, вели Стерјовски.
Тој за МИА изјави дека на дарителна вечер во македонската црква Света Недела во Канада се собрани 20 илјади канадски долари, главно од иселениците од Преспа, за изградба на камбанаријата манастирот во Туминец.
Селото Туминец е едно од деветте населени места во регионот Мала Преспа,населен со Македонци, кое се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.
„На езерскиот брег се наоѓа и манастирот Света Марена каде се чуваат поголем дел од моштите на светицата и каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти. Манастирот датира од 18 век,а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро, локација која самата по себе дава дополнителна убавина и привлечност. Доколку еднаш се посети не ве остава рамнодушен и ќе посакате повторно и повторно да го посетите“, вели Стерјовски.
Тој нагласи дека секоја година на 30 јули, кога се слави патронот на манастирот, преполно е од народ,од верници.
Тука доаѓаат луѓе не само од местата во Мала Преспа, туку и од дијаспората, како и Охрид, Струга, Ресен и многу други места, како и од Лерин и други местга од Егејска Македонија.