сабота, 27 јули 2024

Партиите на Албанците од опозицијата ја напуштија лидерската средба

Поради кавга со претседателот на Собранието, Талат  Џафери, партиите на  Албанците од опозицијата (Демократско движење, Алтернатива и Беса демонстративно ја напуштија лидерската средба во Собранието, дознава МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на Беса, Алтернатива и Демократско движење (Европски сојуз за промени), Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити демонстративно ја напуштиле лидерската средба, на што претходела кавга со првиот човек на Собранието, Талат Џафери.

„Џафери им викал дека кога сака тој ќе го стави на гласање барањето за член на ДИК, кое на опозицијата им следува по закон и дека доколку сака може и да го поништи завршениот оглас за член на ДИК, на кој е пријавен кандидат на албанската опозиција, и да распише нов оглас и тоа во време можеби ќе има друга опозициона партија“, вели изворот на МКД.мк. 

Тројцата опозиционери го обвиниле за узурпација на местото претседател на Собрание и дека „со овој негов став станува јасно дека ДУИ не сака фер избори“, брифираат извори на МКД.мк.

Претходно во Собранието почна средбата на лидерите на најголемите парламентарни партии во земјата – владејачките СДСМ и коалицијата, ДУИ и Алијанса на Албанците и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, партиите од Европскиот сојуз за промени на која треба да се разговара за претседателските и парламентарните избори 2024 година, но и за евроинтеграциите и техничката влада. На средбата присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.  

Освен тројцата лидери од Европскиот сојуз за промени кои ја напуштија, на средбата присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, лидертот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, на НСДП Горан Мисовски, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов…

Првите луѓе на партиите се очекува да го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори, а извесно е дека тие ќе се одржат во мај. Тие во јавните изјави веќе изразија согласност дека изборите би можеле да се одржат тогаш.

Евентуален втор круг од претседателските избори и парламентарните избори најверојатно ќе се одржат на 8 мај. Првиот круг од претседателските избори во тој случај би бил на 24 април. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ