среда, 1 јануари 2025

Партиите бројат денови од бегството на Груби, обвинувајќи се меѓусебно

За да останат ден повеќе на власт, дуото Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите, објавуваат утринава од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше. СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија.

Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.

Молчејќи и непреземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт. Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.

Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.

Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.

Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реплицираат од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, од каде велат дека – цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, а тоа е дебакл на ВМРО-ДПМНЕ,

„Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ.

Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи.

Откако ‘случајно’ не работеле камерите, ‘случајно’ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и ‘случајно’ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил ‘грешка’ затоа што бил ‘возбуден’ од Груби.

Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.

Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците – Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.

Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал“, одговараат од СДСМ.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ