сабота, 27 јули 2024

Парламентот на Турција денес ќе гласа за членството на Шведска во НАТО

Парламентот на Турција ќе гласа денес за членството на Шведска во НАТО, извести вчера телевизијата Си-ен-ен Турк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа завршува повеќе од една година долгото чекање на западните сојузници на Анкара Турција да го ратификува пристапувањето на Шведска во Северноатлантската воена алијанса.

По тој чин, Унгарија би останала единствената пречка во процесот на влегувањето на оваа земја во НАТО.

Шведска и нејзиниот сосед Финска во текот на целата Студена војна и по неа беа воено неутрални.

Меѓутоа, по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, двете земји се откажаа од неутралноста и побараа пристапување во западниот воен пакт.

Финска во меѓувреме беше примена во НАТО, а Турција долго го условува приемот на Шведска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ