сабота, 27 јули 2024

Парламентот на Република Српска бара поништување на сите одлуки на високиот претставник

Народното собрание на Република Српска утврди десет заклучоци, за кои пратениците ќе се изјаснат на крајот на посебното собраниско заседание посветено на разгледувањето на актуелната безбедносна и политичка ситуација во светот и нејзиното влијание на РС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот на Република Српска бара „од страна на колонијалната управа“ во рок од седум дена да се поништат сите одлуки на високиот претставник Кристијан Шмит, кој во документот е обвинет дека „лажно се претставува како висок претставник“.

Доколку првиот заклучок не се исполни, се наведува во документот, се бара одржување на седница на парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, на која сите одлуки на Шмит би се прогласиле за „недозволени и неважечки“, а на државните органи би им се забранила примената на тие одлуки.

Потоа се бара сајтот на Канцеларијата на високиот претставник да се прогласи за неприфатливо и незаконско место за објавување акти, како и да му се забрани на Службениот весник на БиХ да објавува акти на странци и нивни организации.

Во предложените заклучоци, се бара донесување изборен закон на БиХ во парламентот на БиХ, но под услов да се развласти Централната изборна комисија на БиХ.

Предложено е и да се постигне политички консензус за понатамошниот европски пат на БиХ и тој процес да се забрза, и во парламентот на БиХ да се потврди територијалниот интегритет на БиХ.

Доколку не се почитуваат овие барања, се наведува во заклучоците, народното собрание на РС бара од своите избрани претставници да се повлечат од институциите на БиХ и во нив повеќе да не се враќаат.

Предложено е потоа РС да се повлече од сите договори – за оружените сили на БиХ, индиректните даноци, високиот судски и обвинителски совет – а најавено е и дека собранието ќе усвои изборен закон на Република Српска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ