недела, 20 октомври 2024

Парламентарното собрание на НАТО со резолуција сака да ја потврди дозволата Украина да ја напаѓа Русија

На парламентарното собрание на Северноатлантската алијанса му е доставена резолуција за дозвола за Украина да го користи НАТО оружјето во напади на руска територија, им кажа на новинарите Михал Шчерба, член на полскиот Сејм и кандидат за Европскиот парламент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додаде дека неодамна учествувал на седница на Парламентарното собрание на НАТО во Софија и го иницирал донесувањето на соодветната резолуција.

„Бев иницијатор на резолуцијата поднесена до Парламентарното собрание на НАТО дека не постојат „црвени линии“ во врска со употребата на оружјето кое Украина го добила од нашите сојузници во НАТО, вклучувајќи нè нас“, кажа Шчерба.

Претходно портпаролот на германската влада Штефен Хебестрат објави дека Германија „ѝ дава на Украина зелено светло да го користи НАТО оружјето против воени цели во Русија и надвор од зоната на конфликтот“, бидејќи, како што кажа, „Западот е уверен дека Украина, според меѓународното право, има право да се брани од руските напади“.

Ден претходно Германија и Соединетите Американски Држави се сложија Украина да го користи американското оружје за напади на цели во Руската Федерација. Двете земји одлуката ја правдаат со рускиот пробив на источноукраинскиот регион Харков.

Волстрит џурнал објави дека САД ќе му дозволат на Киев да ги користи ракетните системи ХИМАРС и артилеријата за напади на руска територија во близина на Харковската област.

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев порача дека „НАТО земјите, кои одобрија напади со своето оружје на Русија, мора да сфатат дека нивната опрема и експертите ќе бидат уништени не само во Украина туку на која било точка од која руската територија ќе биде нападната“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ