сабота, 27 јули 2024

Парламентарните избори и официјално завршија, соопшти ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во Шестата изборна единица каде имаше прегласување. Поради отакажување на градоначалникот на Тетово, Беса Биљал Касами од пратеничката функција, за пратеник е избран следниот од листата на Вреди, Аднан Азизи.

Објавено на

часот

Сподели

откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица коалицијата Европски фронт има осум мандати, Вреди исто така 8, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и Коалицијата за Европска иднина еден.

На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од Вреди ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.

Со завршувањето на парламентарните избори составот на парламентот кој брои 120 пратеници е следен: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 58 пратеници, Коалицијата на СДСМ има 18 пратеници, 18 пратеници има коалицијата на ДУИ, 14 пратеници се од коалицијата Вреди, а по шест пратеници имаат Левица и ЗНАМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ