сабота, 27 јули 2024

Парламентарни избори во Грција, гласачите избираат 300 нови пратеници

Објавено на

часот

Сподели

Анкетите предвидуваат дека владејачката конзервативна партија Нова демократија ќе освои најмногу гласови, но поради промените во изборниот систем во земјата веројатно нема да добие доволно за апсолутно мнозинство.

Избирачките места беа отворени во седум часот наутро, а ќе се затворат во 18 часот. Право на глас имаат нешто помалку од 10 милиони Грци. Првите излезни анкети на шест агенции за истражување на јавното мислење ќе бидат објавени во 21 часот.

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, освојува меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Анкетните агенции велат дека на партиите ѝм се потребни повеќе од 45 проценти од гласовите за да победат целосно.

Кризата за трошоците на животот беше централна тема на изборната кампања, а партиите се обидоа да ги придобијат гласачите со ветувања дека ќе ја зголемат минималната плата и ќе отворат работни места. Порастот на цените имаше интензивно влијание врз Грците, чиј животен стандард беше значително нарушен во текот на десетгодишната должничка криза.

Нејасниот исход од изборите ќе доведе до неколкудневни преговори меѓу политичките партии за изнаоѓање заеднички јазик и кохабитација во владата.

„Денешниот резултат е референдум или за политичка стабилност или за воведување влада без кормило“, напиша грчкиот весник Прото тема во уводникот на насловната страница.

Доколку ниту една партија не победи, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу ќе ѝм даде на трите водечки партии тридневен мандат за секоја од нив да се обиде да формира влада.

Потоа, претседателката Сакеларопулу, доколку ниедна партија не успее, ќе назначи привремена влада која ќе ја води земјата до следните избори, еден месец подоцна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ