петок, 18 октомври 2024

Парите од ваучерите наскоро ќе бидат исплатени, Ристовски вети подобри денови за спортот

Министерот за спорт, Борко Ристовски на денешната прес-конференција најави дека до крајот на септември ќе бидат исплатени парите од ваучерите, а формиран е и посебен буџет за елитен спорт.

Објавено на

часот

Сподели

До сега државната помош во спортот беше исплаќања односно овозможувана најдоцна до март, но по измената на Законот за спорт и префрлање на оваа обврска директно на државата, спортистите мораа да почекаат на планираните средства. Причина за ова е фактот што претходната Влада не ги предвидела овие средства во буџетот, па мораше да се чека ребалансот со кој пред извесно време беа предвидени девет милиони евра.

„Во Македонија отсега ќе има една поинаква финансиска помош што ќе значи вистинска помош за спортот, ќе значи вложување во вистински вредности, вложување во спорт, во млади и вложување во врвниот спорт. Сигурно дека нема да бидат заборавени и сите оние други гранки во спортот, меѓутоа според нашата национална стратегија за спорт во која направивме една градација или селектирање на сѐ она што ќе го финансисаме, направивем стратегија по која ние како Министерство за спорт одлучивме дека наш приоритет во финансирањето, односно најголем дел од финансиските средства ќе добиваат четирите федерации кои што носат најмногу спортски успеси на Македонија. Направивме уште една градација во која ги одделивме спортовите на олимписки и неолимписки спортови и оние спортови кои што носат и во минатото носеле најголем успех и мислиме дека и во иднина може да носат успех и промоција на Македонија како на домашен план така и надвор од границите“, соопшти Ристовски.

Следната недела ќе биде објавен конкурсот за доделување пари за елитен спорт во износ од 84 милиони денари, а 14 дена по доделување на овие средства ќе следува и финансиската помош која досега се нарекуваше ваучер-систем.

„Навистина доаѓаат поубави времиња за спортот, во кои ќе се вреднуваат вистинските вредности, времиња во кои Македонија конечно ќе се грижи за спортот и ќе се грижи за своите чеда. Ние нема да дозволиме никаква корупција во спортот и сите оние средства кои се наменети од државата за спортот ќе бидат строго контролирани. Ќе бидат строго контролирани и сите оние средства што ги добиваат младите спортисти или оние т.н. спортски надежи. Повеќе нема да дозволиме средствата од државата да се трошат на некои неважни работи. Ова нека биде убава најава за спортот во Македонија, во иднина ќе следуваат уште повеќе сѐ со една цел, а тоа е развој на врвниот спорт, поддршка на младите таленти во Македонија и генерално, развој и промоција на државата како на домашен така и на меѓународен план“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ