понеделник, 21 октомври 2024
Глобален проблем со наплатата во трговија

Парите на граѓаните во банка се безбедни, проблем има во плаќањето со картичка или подигање пари од банкомат, велат од банките

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за глобален проблен, не само со нашата банка. Парите кои ги имаат грѓаните на сметките апсолутно се безбедни. Проблемот е само во наплатата доколку пазарите или ако вадите пари од банкомат. На шалтер кај нас секој што има потреба може да дојде и да добие готовина“, ни одговорија од Комерцијална банка. 

Од Македонската банкарска асоцијација соопштија дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови ВИЗА и Мастеркард, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација“, се наведува во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Во екот на одморите кога на граѓаните им треба готовина или кога се подготвуваат да заминат преку граница на море настана проблем кој направи редици и во дел од банките. Но, она во што банките не уверуваат е дека секој денар кој банката го чува е безбеден. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ