петок, 26 јули 2024

Пари за свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид има, тврди Бочварски

Важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата коишто се појавија и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од Коридорот 8, рече  министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешниот увид во изградабата на брана на река Отиња во Штип. Што се однесува до иградбата на гасоводот, Бочварски рече дека Министерството за транспорт и врски ја чека комплетната документација за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот.

Објавено на

часот

Сподели

Пари за решавање на 13-те нови свлечишта на автопатот во изградба Кичево-Охрид има, истакна денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање кој гарантира  дека ќе нема зголемување на средствата за овој автопат, откако рокот за изградба беше пролонгиран до крајот на 2026 година.

Според Бочварски, важно е што побргу да се направат техничките решенија за свлечиштата коишто се појавија и да продолжи реализацијата и градбата.

„Во однос на реализацијата на автопатот Кичево – Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим којшто работи од страна на надзорот и ФИДИК експертите беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете, има сѐ уште средства коишто се ставени на располагање за да бидат реализирани токму поради тоа не се побараа нови за реализација на овој автопат. Важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата коишто се појавија и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од Коридорот 8“, рече Бочварски при денешниот увид во изградабата на брана на река Отиња во Штип.

Пратениците пред стартот на кампањата за претседателските избори  изгласаа законски дополнувања со кои  се пролонгира рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид до крајот на 2026 година. 

Што се однесува до иградбата на гасоводот, Бочварски рече дека Министерството за транспорт и врски ја чека комплетната документација за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот.

Тој на новинарското прашање кога ќе биде дадена дозвола на компанијата, која ги врши тестирањата и која ќе биде првата гасоводна делница што ќе биде пуштена истакна дека до денеска не е пристигнато барање за пуштање на некоја од гасоводните делници од Штип до Битола и од Скопје до Гостивар.

„Веднаш кога ќе пристигнат документите, ние како Министерство за транспорт и врски ќе формираме комисија која што ќе изврши и технички прием и подготвени сме веднаш да го завршиме овој предмет. До денеска таков предмет не е пристигнат, но веднаш по пристигнувањето ќе започнеме постапка“, вели Бочварски.

Министерот за транспорт и врски  посочи и дека има постапка и за избор на изведувач на првиот интерконектор со соседна Грција.

„Денеска веќе има постапка за избор на изведувач за првиот интерконектор со Република Грција со што енергетската независност на државата ќе ја подигнеме на едно уште повисоко ниво. И она кое што можам да го истакнам е дека овие гасоводи се веќе завршени и ми е исклучително драго технички исправни и фирмата веќе прави постапка на испробување, испитување на цевката пред да биде ставена во функција“, изјави Бочварски.

Тој посочи дека оваа Влада реализираше капитални проекти во делот на гасификацијата и тоа магистрални гасоводи во должина од 210 километри.

Прашан која гасоводна делница прва ќе се пушти, Бочварски одговори дека тоа секако ќе биде оној потрошувач којшто ќе биде подготвен да се приклучи на тие гасоводни линии и таквите наскоро ќе имаат можност и да го направи тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ